|







| |
26.
Април 2008
„Rotonda di Locarno"
Locarno, Сабота 26 Април 2008, alla Rotonda di Locarno, се одржа
мултикултурна манифестација на која учествуваа: Македонското Училиште
од Locarno со
новоформираната
детска игроорна група (под кореографија на Проф. Маја Ристеска) и секцијата на
ОЖМ-Ш од Тичино. Покрај вкусните специјалитети кои беа припремени од вредните
раце на нашите жени Македонки, младите игроорци ја воодушевија многубројната
мултикултурна публика.
20.
Април 2008
Мирна Манифестаија-Genève
На 20 Април 2008 година, пред зградата на Обединетите Нации
во Genève, ОЖМ-Ш им се приклучи на организаторите на манифестацијата (по повод
грчкото вето) Светскиот Македонски Конгрес, македонските заедници и друштва од
Швајцарија и ѓи поддржа во мирните демонстрации за одбрана на името на
Македонија.
Членките на ОЖМ-Ш се потрудија на целиот Свет да му ја пенесе пораката:
„Don’t
You F.Y.R.O.M. Me, Say MACEDONIA“.
02. Март
2008 Генерално Собрание 2008, Muralto
На 02. Март 2008 година во Muralto/Locarno во Кантон Тичино,
се одржа четвртото Генерално собрание на ОЖМ-Ш. Во добро опремената Сала деи
Конгреси имавме задоволство да поздравиме многубројни нови членки кои живеат и
делуваат во Muralto/Locarno. Уште еднаш, Маја ја докажа нејзината организациска
способност, после двочасовниот состанок на кој во реизборите немаше никакви
измени, преминавме на неофициелниот дел со заеднички ручек. На крајот, под
топлите сончеви зраци, новите членки ни го покажаа „нивниот„ град Locarno.
13.12.2007 во
Attalens:
Ayurveda-Connaissance da la Vie
Во Четврток на 13.12.2007 година, во салата на црквата во
Attalens, секцијата од францускиот дел на Швајцарија приреди предавање „AYURVEDA-Познавање
на животот„. На ова многу интересна тема предаваше Г-ѓата Др. Симоне Хунцикер.
После 4 часовното професионално предавње, многубројната мултиетничка публика
имаше прилика да ја запознае македонската кујна преку разни специјалитети
припремени од членките на ОЖМ-Ш.
02.12.2007 во Buochs:
Последниот состанок во 2007
Последниот состанок во 2007 година се одржа на 02.12.2007 во
Buochs. На многубројните присутни, професионално предавање на тема „Превентивна
заштита на забите„ ни одржа Ели Маткова/Стојанова. Како на оваа тема има уште
многу материал за предавање, се надеваме дека Ели ке продолжи со уште неколку
предавања по таа тема. И овој пат имавме задоволство да примиме нови членки од
Buochs и околината.
Благодарност на Билјана за одличната организација на салата и ручекот.
14.11.2007 во просториите на
Zentrum5
На 14.11.2007 во просториите на Zentrum5 во Берн, се оствари
изложбата на македонско творештво. Многубројните посетители покажаа
голем интерес за изложените експонати и нашата историја и уметност. Иако
преводот на текстовите на германски јазик за секоја поединечна
теракотна икона од Виничко беше обимна работа,
задоволството на
заинтересираните посетители што беа одушевени од изложбата беше
поголемо. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на поканата од
Zentrum5 и одстапениот простор. Исто така да
споменеме дека во истиот Zentrum5 постои мала библиотека со
книги на Македонски јазик кои се достапни за сите заинтересирани.
|
 |
Октомври,
2007 „Rivista di Lugano"
Извод
од интервјуто со Маја Ристеска во неделникот
„Revista di Lugano“ во рубриката
„патување низ странските заедници во
Lugano„.
Целта на нашата организација е интеграција на жените во швајцарското
опшество, запознавање со жени од друѓи националности, поддршка и борба
против насилство врз жената, и соработка со слични институции во
Швајцарија. Групата учествува во многу активности кои се организираат во
кантон Тичино.
|
 |
На 01.09.2007 Редовен состанок на
ОЖМ-Ш
На 01.09.2007 година во домот на нашата членка Ели во Грандсон
се одржа редовниот состанок на ОЖМ-Ш. И овој состанок имавме прилив на нови
членки на кои им посакуваме добре дојде во нашите кругови. Се заблагодаруваме на
Ели и Ванчо што ни овозможија во пријатна домашна атмосфера да се дружиме.
16.06.2007
Алтдорф, „Flüchtlingstag„
На 16.06.2007 во Altdorf
на денот на бегалците кој се одржува секоја година, ОЖМ-Ш имаше чест да ја
претстави нашата татковина Македонија. Посетителите покажаа голем интерес за
нашата култура, знаменитости и куклите облечени во народни носии.
28.04.2007
Редовен состанок на ОЖМ-Ш
Нашиот втор состанок во оваа година се одржа во ресторатнот
Chapf, Windisch. На жалост
мораме да признаеме дека и по втор пат екипата на Иселенички Џубокс од МКТВ сат
не ИЗВИСИ!!! И покрај малото разочарување, состанокот беше успешен, а
предавањето на темата „Неправилната исхрана во развојот на децата и младите„ што
го одржа Маја Ристеска, ѓи одушеви присутните членки.
2006/2007
Лугано, „Жените учат заедно„
Проектот на секцијата од Тичино, „Жените учат заедно“, заврши успешно. Во
текот на десет месеци беа одржани пет предавања на различни теми интересни за
секоја современа жена.
Главната цел е реализирана, што значи, покрај тоа што научивме многу нови
работи, запознавме и жени од различни националности кои живеат и работат во
кантон Тичино. Крајот на секое предавање завршуваше со мал аперитив, момент во
кој, присутните во релаксирана атмосфера разговара, разменувајќи си на тој начин
искуства од секојдневниот живот.
28.01.2007
Генералното
Собрание 2007, Geuensee
Овогодишното Генерално Собрание кое се одржа во
Geuensee, може слободно да се воведе
во историјата на ОЖМ-Ш, како многу успешно! Покрај многубрјоните членки, ни се
приклучија и седум нови, кои веднаш се интегрираа во организацијата, со цел да
учествуваат во организирање активности, неколку од нив и како членки во
Управниот одбор. На жалост, на нашата иницијаторка и една од основачките на
ОЖМ-Ш, Анита Шојлева, и истече мандатот во Швајцарија. Со скромен поклон
за успомен од сите нас и посакавме многу успех во понатамошниот живот, и активна
соработка од Македонија со ОЖМ-Ш.
10.12.2006
ОЖМ-Ш состанок во Windisch
Последниот состанок во 2006 год. се одржа во рест.
CHAPF во Виндиш, кантон Ааргау. На
состанокот имавме можност да следиме кратко предавање од Г-динот М. Адеми,
медиатор од NCBI-CH, на тема
„предрасуди во секојдневието„. Тој ја претстави и дејноста на институтот, како и
семинарите кои се одржуваат од страна на истиот. Предавањето беше позитивно
примено од страна на присутните, така да одлучивме да оваа година одржиме повеќе
такви семинари. На крајот од состанокот нашата членка Китанова Стојна, позната
пеачка од Македонија ни запеа наши стари, прекрасни песни, кои ѓи анимираа и
сите други да и се приклучат во пеењето.
02.12.2006: "Zentrum 5" во Bern
Zentrum5 е отворен центар за
мигранти и жителите од градот и кантонот Берн, за организирани групи како и
институции и други заинтересирани кругови. За подетални информации
погледнете веб страната: http://www.zentrum5.ch/ |
 |
|
Центарот организира различни манифестации.
Покрај другите мигрантски групи кои оваа година имаа прилика да учествуваат
во програмата на „Континентен Циклус„ ОЖМ-Ш имаше чест, како
последна европска земја, да ја претстави Историјата, Културата, Традицијата
и Музиката на Република Македонија.
Како нашата Организација станува се поактивна во стремежот за интегрирање и
дружење во Швајцарското опшество, ја прифативме поканата
на Г-динот Хасан Фаваз, проект-менаџер
на Zentrum5, да го направиме тој чекор, и ја
претставиме Р. Македонија на поширока меѓународна публика. Прибирањето
податоци, слики, музика итн. беше напорна работа, но, истовремено
и големо
задоволство, особено интегрирањето на целиот материал, (со текст по
германски јазик) во прекрасна компјутерска презентација. Соодветно на темата
и сликите, следеше музика, изведена од страна на
браќата Антонио и Стефан Трајаноски
како и младата Жаклина Миткова. После бурниот аплауз од воодушевените гости,
свечано се отвори масата за самопослужување, со специјалитетите кои беа
припремени од страна на нашите вредни членки: Бојана, Султанија, Лилиана,
Ѓурѓа,
Цобе и Вероника. Најголемо признание добивме од проект-менаџерот на центарот,
Г-динот Фаваз, кој рече дека вакво нешто центарот до сега нема доживеано, и
дека тоа мора да го повториме. На крајот на манифестацијата, како гостин ни
се придружија штотуку пристигнат од Македонија, претседателот на Светскиот
Македонски Конгрес, Тодор Петров (кој овие денови претстојува во Швајцарија)
во придружба на неколку члена од Македонија. |
 |
25.11.2006:
Attalens
Секцијата од францускиот дел организираше
предавање со тема „исхраната во секојдневието„ која се одржа на француски
јазик.
Предавањето го одржи Г-ѓата Frédérique Chapelle Strittmatter. На
семинарот беа присутни многу заинтересирани жени од разни националности.
Организаторките Маре Филиповска и Дивна Трајановска спремаат уште неколку такви
семинари. За подетални информации ве молиме да се обратите до организаторките.
12.11.2006: 10-год. "MigrantinnenRaum" Aargau
|
По повод јубилејната прослава "10-Godini-MigrantinnenRaum
Aargau", покрај мигрантните групи од Sri Lanka и Irak, ОЖМ-Ш имаше чест да
учествува на таа мултикултурна прослава. Се
потрудивме да ја
претставиме нашата Република Македонија со македонски специјалитети, кои со
голема љубов беа припремени од нашите членки: Сузана Stähelin, Јана
Küng-Лазарова, Анита Терзиоска, Душка Дачевска, Верче Мицевска, Лилиана
Китанова, Усније Бајруси и Вероника Vouga. За музичкиот дел и доброто
расположение се погрижи триото на Спасов Тоше од кантон Цуг. Големо внимание
побуди Сузана Stähelin облечена во традиционалната радовишка носија.
Пофалбите и благодарноста од страна на организаторите за нашата Организација
беа огромни, што ни дава поттик и желба да продолжиме и понатаму да
учествуваме
на вакви мултикултурни средби. |
 |
08.10.2006:
Gwatt (WAG-Wohn und Arbeitsgemeinschaft)
По иницијатива на Лиле Китанова
а во соработка со ОЖМ-Ш, се потпомогна
реализацијата на манифестацијата во чест на хендикепираните деца. На 08.10.2006,
во местото
Gwatt близу Берн, поминавме едно
прекрасно попладне заедно со штитениците на домот. Попладнето им се
представи игроорната група од Баар, а вечерата со македонски
специјалитети,
ги воодушеви штитениците и вработените
на домот, како и поканетите
гости. ..толку радост и топлина можеше да
се подари само со помош на познатиот хуманист и кувар Лазо. За вкусните слатки
специјалитети се погрижија новите членки Анита Терзиоска
и Горица Шољовска. Касно навечер го напуштивме домот со желба
пак да организираме една таква хуманана манифестација.
03.09.2006:
ОЖМ-Ш состанок во Dietikon
На 03.09.2006 во
рамки на Богородичната прославава на МПЦО
„Св. Наум Охридски„ од Тринген се одржа третиот состанок на ОЖМ-Ш, во местото
Диетикон. Имавме чест да поздравиме
неколку заинтересирани жени од кантоните Ааргау и Цирих,
кои веднаш се ангажираа во збивањата и организирањата на активностите на ОЖМ-Ш.
Како и секогаш, времето беше прекратко за да можеме да дискутираме на сите теми
што не интересираа. После состанокот, уживавме во мелосот на нашата Адријана
Алачки, која не претстојуваше и на состанокот. За време на прославата ни
се придружија усте десетина нови заинтересирани членки на кои им пожелуваме
добредојде во нашите редови.
07.05.2006: Генерално
Собрание на
ОЖМ-Ш, Gruyère
На второто
Генерално Собрание
на ОЖМ-Ш, кое се одржа во
Gruyère покрај голем
броја стари и нови членки, на големо задоволство на сите беа
присутни и гостинките од Македонија г-ѓата Савка Тодоровска и г-ѓата
Есма Реџепова-Теодосиевска. Со богата програма поминавме еден прекрасен
ден. Гостинките имаа можност да се запознаат со сите присутни членки, а
теми за разговор имаше во обилност. После работниот дел, го завршивме
денот со една заедничка прошетка во прекрасниот
Gruyère.
23.03.2006:
Запис во весникот за секцијата од ТИ
Едно големо браво на нашата Маја, потпретседателка на
ОЖМ-Ш и координатор на секцијата Тичино. Маја
организира предавања по разни теми за жени од разни националности кои
сакаат да научат нешто ново. Предавањата веке се во тек. За подетални
информации кликнете на
"Документи".
11.02.2006:
ОЖМ-Ш состанок во Bern
На
11.02.2006
година во просториите на Амбасадата на РМ во Берн, се одржа првиот
состанок на ОЖМ-Ш во оваа година, на кој беа присутни дваесетина членки.
Состанокот помина во работна
атмосфера.
Координаторките на секциите дадоа извештај за тековните проекти,
и проекти кои треба да се
реализираат во текот на 2006 година.
На „Наша тема“ се дискутираше
на темата „Разрешување на конфликти“ која наиде на голем интерес кај
сите членки.
Беше договорено и местото и
датумот за Генералното собрание кое се совпаѓа со двегодишнината од
формирањето на Организацијата.
03.12.2005:
ОЖМ-Ш
состанок во Hünenberg
Последниот
состанок од оваа година се одржa на 03.12.2005 год. во просториите на
ресторанот на Tennis Center im Bösch, Hünenberg/ZG.
Во циклусот „Наша тема„ Камелија Јуван и Маја Ристеска одржаа кратки предавања,
кои побудија голем интерес кај присутните. После состанокот
Претседателката В.Воуга по повод нејзиниот роденден, ѓи почести членките со
аперитив и вечера.
19.11.2005:
ОЖМ-Ш се претстави во
Lausanne
По покана од
ЗМД од Швајцарија, на 19.11.2005 год. во центарот на Лозана, секцијата на ОЖМ-Ш
од западна Швајцарија се претстави со специјалитети од Македонија, слики од
македонски носии и прекрасно рачно изработени македонски ракотворби. На
манифестацијата присуствуаше и Премиерот В. Бучковски кој го посети и нашиот
штанд. На крајот на денот сите донесени слатки беа продадени, што зборува за
квалитетот на истите. Управниот одбор им се заблагодарува на учесничките од
секцијата за огромниот ангажман околу претставувањето на нашата Организација, а
воедно многу жени од тој дел на Швајцарија се заинтересираа за работата и
зачленувањето во ОЖМ-Ш.
22.10.2005:
ОЖМ-Ш се претстави во Lugano
Секцијата од Тичино, при Организацијата на
жените од Македонија во Швајцарија
ја претстави Македонија во концептот на
културната манифестација „Светот на плоштад„ која се одржа во
Лугано
на 22.10.2005 год.
Истовремено играорната група при македонското друштво „Кирил и Методиј„ од Баар
повторно ги
воодушеви присутните со игра, песна и прекрасните македонски носии.
24.09.2005:
Мултикултурна средба,
Menzingen
Голема благодарност на нашата
членка, Слободанка
Ѓорѓевиќ, и игроорките од Баар!
Слободанка е еден од главните организатори на
мултикултурната средба во Менцинген, која се одржа на 24.09.2005 год. Слободанка
Ѓорѓевиќ, заедно со жените од Кантонот Цуг и играорната група при МД „Кирил и
Методиј„ од Баар организираа продажен штанд со македонски национални
специјалитети, а вкупната заработена сума во износ од 1200.- Шфр. несебично и ја
поклонија на ОЖМ-Ш. Раководството на ОЖМ-Ш како и останатите членки им
благодарат
за донацијата.
|