Документи

Логирање



Присутни

Има 3 гости присутни
Историја
13.12.2009 – Niederwangen

На 13.12.2009 во Niederwangen/Bern, се одржа последниот состанок на ОЖМ-Ш. Конзулката Славка Јовановска, покрај исцрпниот извештај за новиот визен режим даде информации како да се дојде до биометриски пасош. Со г-ѓата Јелена Митрович од здружението за интеграција Dialog одржавме работен состанок, а козметичарката Валентина Горгиоски се потруди да не однесе во светот на козметиката.

 
13.09.2009 Состанок – Посета Rheinfälle Schaffhausen

На 13.09.2009, недела, членките на ОЖМ-Ш, го одржаа редовниот состанок во Schaffhausen. Денот започна со прошетка на водопадите на реката Рајна. После ручекот, кој беше организиран во ресторанот Балкан Експрес се премина на реализирање на дневниот ред. На состанокот беше гостин Гордан Ристовски кој ги запозна членките со претстојната изложба „поглед преку границите“ организирана од Јужнословенскиот Културен Форум која ќе се одржи во Zürich од 3. до 18.10.2009 тој побара подршка од ОЖМ-Ш за подобро и поефикасно претставување на РМ. Во вториот дел на состанокот, во рамките на циклусот „Наша тема“, г-ѓа Нена Маринковска одржа предавање за „Здравственото осигурување во СН“.

 
21-24 мај 2009, Stockholm, Schweden

Стокхолм, градот наречен и Северна Венеција, ѓи одушеви членките на ОЖМ-Ш! На аеродромот не дочекаа нашата членка Душка Дачевска со г. Наќе Туфекчиев секретар на друштвото „Д. Груев„ од Стокхолм,  кои два дена ни беа туристички водичи низ градот. Благодариме Душка и Наќе, благодариме на Суза и Крсте за прекрасниот пречек во нивниот дом. Со многу убави спомени, со полни очи од прекрасните нешта што ѓи видовме во тие три дена, ја напуштивме Шведската престолнина, со желба да следната година пак се организираме и посетиме друга дестинација.

 
10.05.2009 Состанок – Посета Kunstmuseum Basel

На 10 мај, кој се прославува како „денот на мајката„ членките на ОЖМ-Ш организираа средба во Basel. Наместо класичен состанок, ја посетивме фамозната изложба на Винсент Ван Гог, насловена „Помеѓу земјата и небото„ во Kunstmuseum во Basel. Голем број од 70 слики, (позајмени од други музеи и од приватни лица од Европа, Америка, Азија) ѓи нема видено широката јавност. За момент, композициите на прекрасните бои, не пренесоа во јужниот дел на Франција. Покрај големиот мајстор Ван Гог, се изложени и делата на Monet, Pissarro, Degas, Cézanne до Renoir и Gauguin.
После ручекот кој го поминавме во смеа и добро расположение во веѓетаријанскиот ресторан tibits Basel, продолживме со кафе во домот на Вероника каде и одржавме краток состанок.

 
01.02.2009 Генерално собрание, Luzern

На 01.02.2009 година во Luzern, се одржа петтото Генерално собрание на ОЖМ-Ш. Во хотелот Флора имавме задоволство да поздравиме многубројни нови членки македонки од ширум Швајцарија и една швајцарка. И овој пат времето ни беше прекратко за да ѓи продискутираме сите интересни теми од кои неколку останаа за следниот состанок. Како претседател едногласно е потврдена В.Воуга како и потпретседател Маја Ристеска, секретар Б. Босилкова а благајник Л. Китанова. Координатори: Ааргау: Роска Стоилова, Тичино:М.Ристеска, Нидвалден:Љ.Стојменова, Обвалден: Маца Димитриева, Берн:Лиле Китанова, Луцерн:Јана Лазарова, Цирих:Нена Маринковска, Ст.Галени Тургау: Д. Дачевска, за францускиот дел уште немаат одлучено.

 
Фебруари 2009 во Муралто:„Жените учат заедно„
8_Oktober.jpgИзвестување: Управниот одбор на ОЖМ-Ш, ве известува дека од 8 октомври 2008 год. започна циклусот предавања „Жените учат заедно„ кои се одржуваат еднаш месечно, во среда од 18:00 до 20:00 часот во Sala dei congressi-Muralto. Предавањата се на италијански јазик и наменети се за сите кои се заинтересирани за соодветните теми. За сите информации обратете се до Маја Ристеска.
 
02. Ноември 2008 Château de Chillon

На 02.11.2008 Château de Chillon, Veytaux, во голем број пред дворецот Chillon не пречека прекрасно сончево време! Покрај огромниот број на посетители на дворецот, бевме принудени во „олимписка„ брзина да видиме што повеќе од ова древно и единствено здание. Воодушевени од виденото, се упативме во Casino du Rivage, Vevey каде што бевме пречекани со вкусен ручек. Уште еднаш членките од францускиот дел со координаторката Маре Филиповска, ја докажаа нивната гостопримливост и талент за организација. Средбата беше „крунисана„ со прошетка покрај езерото.

 
06. Септември 2008 Амбасада на Р.М. Bern

На 06.09.2008 во просториите на Амбасадата на Р.Македонија во Берн, се одржа редовниот состанок на ОЖМ-Ш. Ополномоштениот Министер г-н Јасмин Ќахил, неговата сопруга Јадранка, г-ѓата Славка Јовановска, втор секретар при Амбасадата на Р.М. во Берн, г-ѓата Маја Стојановска, државен советник од МНР, скоро 3 часа им одговараа на заинтересираните членки на прашањата. Во пријатна атмосфера и мала закуска приредена од страна на членките го завршивме овој невообичаен состанок.

 
08. Јуни 2008 хотел Europe Engelberg

Недела 08. Јуни 2008 во прекрасниот хотел "Europe" во Engelberg, се одржа првиот редовен состанок на ОЖМ-Ш. На одлично организираниот состанок од страна на нашата членка Љубица Стоименова, се оджи стручно предавање од страна на Др.мед.гин. Бранко Буњевац. Голема благодарност на Др. Буњевац кој без хонорар два часа им беше на располагање на заинтересираните членки како и секогаш времето беше прекратко за да се даде одговор на сите прашања. Исто така се заблагодаруваме на дирекцијата на хотел „Europe„ за пречекот и професионалната организација на состанокот.

 
26. Април 2008 „Rotonda di Locarno"

Locarno, Сабота 26 Април 2008, alla Rotonda di Locarno, се одржа мултикултурна манифестација на која учествуваа: Македонското Училиште од Locarno со новоформираната детска игроорна група (под кореографија на Проф. Маја Ристеска) и секцијата на ОЖМ-Ш од Тичино. Покрај вкусните специјалитети кои беа припремени од вредните раце на нашите жени Македонки, младите игроорци ја воодушевија многубројната мултикултурна публика.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>

Страница 1 од 4

Од последната средба:

Линкови

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер