Организација на жените од Македонија во Швајцарија

Organisation des femmes Macédoniennes en Suisse
Organisation Mazedonischer Frauen in der Schweiz
Organizzazione delle donne macedoni in Svizzera

Македонски Français Deutsch Italiano

 

Дома
Цели
Документи
Актуелности
Фотогалерија
Поврзувања
Коментари

Фотографии

Фотографии од манифестацијата се достапни во фотогалеријата

Фотографии

Настани

Краток запис за манифестацијата

Документи

       

Locarno
26.04.2008

Уште еднаш Македонските жени ја докажаа спремноста за интеграција во едно мултикултурно опшество.


Genève
20.04.2008

Членките на ОЖМ-Ш облечени во маиците креирани од фирмата .Таргеткомм.МК.

 


Muralto
2.3.2008

Генерално Собрание 2008 во Muralto

 


Buochs
2.12.2007

Редовен состанок на ОЖМ-Ш во .Buochs

 

Bern
14.11.2007

Изложба на Теракотните Икони од Виничко во Zentrum5, Bern

 

Grandson
01.09.2007

На 09.01.2007 во домот на Ели и Ванчо Стојанови во Grandson се одржа редовниот состанок на ОЖМ-Ш.

 

Алтдорф
16.06.2007

На 16.06.2007 во Altdorf на денот на бегалците кој се одржува секоја година, ОЖМ-Ш имаше чест да ја претстави нашата татковина Македонија.

 

Виндиш
10.12.2006

На 10.12.2006 во ресторанто CHAPF во Виндиш, состанок на ОЖМ-Ш во 2006 год. Претставник на NCBI-CH ја претстави нивната дејност и можноста за одржување семинари интересни за жените.

 

Zentrum5:
Берн
02.12.2006

Со претставувањето на Р. Македонија во Zentrum5, во Берн, ОЖМ-Ш успеа да направи грандиозна презентација на нашата Историја, Култура, Традиција и Музика!

Атталенс
25.11.2006

Во Атталенс, на 25.11.2006 Секцијата од францускиот дел на Швајцарија, одржа семинар по тема „секојдневната исхрана„ предавањето го одржи Г-ѓата Frédérique Chapelle Strittmatter.

Аарау
12.11.2006

На јубилејната прослава „10-години МигрантиненРаум Аарау„, ОЖМ-Ш се претстави со македонски специјалитети, култура и музика.

Берн
05.11.2006

Во просториите на Амбасадата на РМ во Берн се одржа предавање на тема: „ЖЕНА„.
Присутните членки беа воодушевени од предавањето на медиаторката Анна Паула Сарденберг. Со нестрпление  очекуваме слични средби и предавања. 

 

Гватт
08.10.2006

По иницијатива на фамилијата на  Лиле Китанова, и потпора од Тања Петковска и Вероника Воуга од ОЖМ-Ш, поминавме едно прекрасно попладне во домот за хендикепирани (WAG-Wohn und Arbeitsgemeinschaft) во местото Gwatt  близу Тун. 

 

Диетикон
03.09.2006

Имавме чест да ѓи поздравиме нашите нови членки од кантон Ааргау и Цирих. После состанокот уживавме во мелосот на нашата музика и ора.

 

Грујере

07.5.2006

Второто генерално собрание ОЖМ-Ш кое се одржа на 07.05.2006 во Gruyère, може да се смета како специјално собрание! Големо задоволство на сите ни причинуваше посетата на нашите гостинки од Македонија г-ѓата Савка Тодоровска и г-ѓата Есма Реџепова-Теодосиевска. Со богата програма поминавме еден прекрасен ден, гостинките имаа можност да се запознаат со сите присутни членки, а теми за разговор имаше во обилност. После работниот дел, го завршивме денот со една заедничка прошетка во прекрасниот Gruyère.

 

Берн
11.2.2006

После сите новогодишни и божикни празници, во Амбасадата на РМ во Берн, се одржа првиот состанок на ОЖМ-Ш во оваа година. Претседателката имаше задоволство да покрај „старите„ членки поздрави и пет нови. Во циклусот „наша тема„ Анита зборуваше за актуелната тема  „разрешување на конфликти„ која наиде на голем интерес кај присутните. Се договоривме за  датумот и местото на Генералното собрание кое се совпаѓа со двегодишнината од формирањето на Организацијата.

 

 Хуненберг
03.12.2005

Последниот состанок за 2005 година, ОЖМ.Ш го одржа на 3 декември во Hünenberg, кантон Zug,  во ресторанот Tennis Center на Снежана Јордановска. Покрај присутните триесетина членки, на овој состанок на  Организацијата и се приклучија уште четири нови.  Беше даден  извештај за актуелните збиднувања кои беа дел од годишната програма на ОЖM-Ш, а тоа беше претставување на Македонија во Менцинген, Лугано и Лозана. Управниот одбор им врачи Благодарница на членките на играорната група при клубот „Кирил и Методиј“ за нивната соработка и донираните средства на сметката на ОЖМ-Ш . На оваа средба започна и циклусот „Наша тема“ на кој жените имаат можност да слушнат предавања на разни теми, интересни за нив.
По завршувањето на состанокот, вечерта продолжи во пријатна атмосфера со вечера која беше понудена од Претседателката во знак на благодарност за успешната работа на сите членки во изминатата година.

 

Лозана
19.11.2005

Секцијата на ОЖМ-Ш од западна Швајцарија беше поканета од ЗМД да учествува на манифестацијата „Македонско-Швајцарска Калдрма„ која се одржа на 19.11.2005 год. во Лозана. Посебна чест ни направи Премиерот В. Бучковски кој покажа голем интерес за работата на нашата организација.

 

Лугано,
 22.10.2005

Секцијата на ОЖМ-Ш од Лугано беше дел од манифестацијата „Светот на Плоштадот„ во Лугано. Голема сензација беа поканетите игроорки од друштвото МД  „Кирил и Методиј„ од Баар кои со песна, ора и прекрасните носии ја воодушевија публиката. Поддршка имаше и од машкиот пол, покрај многу другите помагачи ќе го спомнеме  Борче Ковачев кој несебично и бесплатно цел ден ни правеше вкусна скара.

X

Менцинген
24.09.2005

Културната манифестација во Менцинген организирана од нашата активна членка Слободанка Гјоргјевиќ беше прекрасна. Жените од куд „Кирил и Методиј„ од Баар направија голема трпеза со наши специјалитети кои беа продавани на манифестацијата. Заработената сума ја спонзорираа на Организацијата на жени од МК во Швајцарија. Исто така му благодариме на куварот Лазо кој несебично и бесплатно работеше цел ден во кујната.

 

ГС во Лугано, 16.05.2005

После едногодишното постоење на ОЖМ-Ш имавме можност да се сретнеме во голем број на првото Генерално Собрание на Организацијата во прекрасниот кантон Тичино.

 

 

Senden Sie E-Mail mit Fragen oder Kommentaren zu dieser Website an: v.vouga@dplanet.ch 
Copyright © 2008 OZM-CH
Stand: 27. April 2008