|
Под името Организација на жените од Македонија во Швајцарија (ОЖМ-Ш) основана на 15. Маj 2004 год. во Триенген, Швајцарија, се води самостојно, независно, невладино и непартиско здружение, во кое жени од различна вероисповед, нација и политичка припадност или државјанство ги остваруваат своите заеднички опшествени, економски, културни, социјални и хуманитарни интереси. |
|
|
Преку својата дејност ОЖМ-Ш ги проследува следните цели:
- воспоставување еднаквост меѓу половите, подршка на правата на жените загарантирани со меѓународната конвенција и други универзални декларации без полова дискриминација.
- ја поддржува жената како индивидуа и врши допринос за нејзино поголемо учество во јавниот живот
- борба против насилство врз жената, злоупотреба и трговија со жени.
- поддршка за еманципација на жената. Цел е ширење на женската мрежа во светот, подготвување и реализирање на проекти за осамостојување на жените.
- афирмација и презентирање на традицијата и културата на жената во животот.
- организирање и спроведување на активности, кои овозможуваат подобар контакт на жените Македонки во Швајцарија и жени од други националности.
- градење на долготрајни односи со организации со слични цели и организации чии цели се промовирање на мирот или заштита на човековата околина.
- допринос за интеграција во Швајцарија по пат на културни, спортски и хуманитарни активности на своите членови.
- соработка со религиозни установи, училиштата за дополнителна настава по мајчин јазик, швајцарски и странски институции чии цели се соодветни со целите на ОЖМ-Ш.
Начела на ОЖМ-Ш:
- своите цели и задачи ќе ги исполнува преку самостојни активности, во соработка со други асоцијации на жени во Швајцарија, Република Македонија и други земји.
- самостојно организирање и остварување на целите и интересите утврдени со овој Статут, без политичко учество.
- нема да врши политички активности и нема своето име, имот и средства да ги користи за остварување на цели на политички здруженија или здруженија чии цели не се соодветни со целите на ОЖМ-Ш.
|
|
|