Документи

Логирање



Присутни

Има 3 гости присутни
ОЖМ-Ш
Под името Организација на жените од Македонија во Швајцарија (ОЖМ-Ш) основана на 15. Маj 2004 год. во Триенген, Швајцарија, се води самостојно, независно, невладино и непартиско здружение, во кое жени од различна вероисповед, нација и политичка припадност или државјанство ги остваруваат своите заеднички опшествени, економски, културни, социјални и хуманитарни интереси.
 
Цели и Задачи

Преку својата дејност ОЖМ-Ш ги проследува следните цели:

  • воспоставување еднаквост меѓу половите, подршка на правата на жените загарантирани со меѓународната конвенција и други универзални декларации без полова дискриминација.
  • ја поддржува жената како индивидуа и врши  допринос за нејзино поголемо учество во јавниот живот
  • борба против насилство врз жената, злоупотреба и трговија со жени.
  • поддршка за еманципација на жената. Цел е ширење на женската мрежа во светот, подготвување и реализирање на проекти за осамостојување на жените.
  • афирмација и презентирање на традицијата и културата на  жената во животот.
  • организирање и спроведување на активности, кои овозможуваат подобар контакт на жените Македонки во Швајцарија и жени од други националности.
  • градење на долготрајни односи со организации со слични цели  и организации чии цели се промовирање на мирот или заштита на човековата околина.
  • допринос за интеграција во Швајцарија по пат на културни, спортски и хуманитарни активности на своите членови.
  • соработка со религиозни установи, училиштата за дополнителна настава по мајчин јазик, швајцарски и странски институции чии цели се соодветни со целите на ОЖМ-Ш.

Начела на ОЖМ-Ш:

  • своите цели и задачи ќе ги исполнува преку самостојни активности, во соработка со други асоцијации на жени во Швајцарија, Република Македонија и други земји.
  • самостојно организирање и остварување на целите и интересите утврдени со овој Статут, без политичко учество.
  • нема да врши политички активности и нема своето име, имот и средства да ги користи за остварување на цели на политички здруженија или здруженија чии цели не се соодветни со целите на ОЖМ-Ш.
 

Од последната средба:

Линкови

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер